Чудно прашање
Имав две убави години во животот.
Зошто ги загубив?
„Сакај нè”, рекоа очите свенливо.
Зошто ги загубив?
Срце, заповедав, биди непроменливо
Зошто измамував?
Среќата ни беше малку необична
и не прилегаше сосема на себе си.
Зошто ја загубив?
Затоа едни нè гледаа прекорно,
други зачудено,
а ти припиена молеше топлина:
„Колку е студено“.
Среќата ни беше малку необична
и не прилегаше сосема на себе си,
а имав две убави години во животот.
Зошто ги загубив?
Ацо Шопов, Ветрот носи убаво време, 1957