This post is also available in: Russian English
Чудак
Тој не живее како останатите.
Со заматен поглед, очи устремени
оди по прагот на исчезнатите
со нова смисла да го обремени.
Ацо Шопов, Ветрот носи убаво време, 1957
„Највисокото ниво на поетската иновација Шопов го постига со процесот на интериоризација на лирскиот субјект. Тоа се гледа со сета илустративна моќ во ретко споменуваната, а толку сложена лирска минијатура ‘Чудак’ соодветна за најразнородни херменеутички интерпретации. Пишувана со исклучителна творечка концентрација и афективност, таа укажува на позицијата на лирскиот и на творечкиот субјект како на истовремено и планетарно и вселенско суштество, така што се остварува онтолошки магнетизам меѓу битието на поезијата и творечкото битие. Творечкото битие мора да проникне во смислата на битието на поезијата, зашто искуството на песната му претходи на искуството на поетот, како што тврдат самите поети.” – Р. Ивановиќ, „Енергијата на поетскиот говор”, Нова Македонија, 21.09.1994