This post is also available in: Russian

Утеха

На ова стебло ти си му убавина,
чија трајна отсутност трајно го опсенува,
иде од подземноста, го пробива коренот
И горе во ветките ко сон зазеленува.

Утре ќе ти биде најголема утеха
Кога убавината груг ќе ти ја зема
дека ти си пршлен зараснат во стеблото
во еден живот кој веќе го нема.

Ацо ШоповВетрот носи убаво време, 1957