Улица

Низ виуличава ноќ со кошмар газам.
Одминатост, одминатост – под трупот на улицата.
Нешто што љубам, нешто што мразам.

Но чудо, шепоти тајум пробудено
сувото стебло на темницата:
сè што било, било судено.

Низ виуличава ноќ со кошмар газам,
Што има напред, зад утрешницата?
Нешто што љубам, нешто што мразам.

Ацо ШоповВетрот носи убаво време, 1957