Сон

Пред мене труп…
зад мене труп,
крај мојте нози се грчи брат
и крв му плиска од пресечен врат,
а напред там –
смачкани куп –
сè труп врз труп!
Над мојта глава се цери смрт
и пишти зрно у мојте уши,
а гнев ме души
и вриам в јад
Од лута борба ќе штукнам млад!
Негден од там, сред огин сам,
со страшен глас
И секој рипа и секој скака
и бумби граба
со машка рака,
секој забрава
на бол и страв,
и секој сака – на чело – прв,
да лее крв!…
Ранет
и здрав,
грбав
и прав,
сакат,
измачен,
дрипав,
бос,
без очи,
уши,
или нос,
со едно срце
и еден ум –
со гордост чека на куршум!
Не знаем што е – млад или стар –
секој се бори со еден жар,
и клање бесни
и ужас цари
и паѓат мојте мили другари!
А сред нив –
ја стoам див –
развевам знаме на ветер лек,
а срце младо бие на штрек:
ја знам –
ќe станам пепел сред.
Ете го близу, – Он се здал,
му маам рака безумно лудо,
му маам, маам, маам,
бескрај, бескрај му маам!
A Он – сјаен како Аполон,
jaвajќи на својот ат
гордо минава по Новиот Пат!
И пак од радос м’ облива пот,
и гори чело
и лице се жари –
за чекор само,
за педа сал, –
ете Го близу – Он стигнал,
му стискам рака безумно, лудо,
му стискам, стискам, стискам,
бескрај, бескрај му стискам,
И пак крикнуам облиен в пот:
– Здравје живот!
и се срушуам од зрно врело
крај ладните нози
на мојте другари!

Ацо Шопов, Песни, 1944