This post is also available in: French Spanish Russian English Serbian Albanian
Седма молитва на моето тело
Твојата молбена закана, твојата лукавост нежна
и сите твои слатки измами ги знам.
Дали оваа игра денеска толку ми стежна
па пред тебе до болка и јас се разголувам.
Ти знаеш – на ова место нема никаква трага,
ни хисник овде ни ѕвер некаков мине.
Биди милозлива, биди дарежлива и блага
со ова тело од чекање што гине.
Ова тело личи на жедна суводолица
поцрнета од сонце, испукана од жега.
Ова тело е истрајно и гладно како јаловица.
Биди му родилка, зачни го повторно сега.
Ацо Шопов, Небиднина, 1963
Објавена за првпат во Современост, бр 7, септември 1959, стр. 584