This post is also available in: Russian Slovenian
Промената
Она личи на измама тешка.
Безобзирно, дрско во крвта заронува.
Денес што е за подбив и смешка
Co утрешна смисла в миг го озаконува.
Игро мудра, само таква биди,
разгрни се сета богато надарена,
и секогаш во животот иди
од несекидневноста чиста и озарена.
Сè што гасне сè в зеница сјае.
Преминот е тихо, светло насмевнување.
Дај природо, мојот живот да е
далеку од секо штуро примирување.
Ацо Шопов, Слеј се со тишината, 1955