Повлекување на огнот

Молчи огнот претворен во кора
под бучава на столетна гора.

Запленувач и жртва на пленот
на бел јарбол то качува денот.

Молчи огнот со исушен пламен
под езеро тврдо како камен.

Молчи огнот под бучава тмурна
и се вее ко пепел од урна.

Ацо Шопов, Гледач во пепелта, 1970
Песната е претходно објавена во Златен круг на времето, 1969