This post is also available in: French Spanish

Петта молитва на моето тело

Зар ќе го изодиш ова тело, овие шеметни височини
ветре на тишината, пеперуго на сонот недоболина.
Каде потаму во мене? Застани, неуморо, почини
на овој камен каракамен, на оваа голина.

Зар ќе испливаш од ова тело, од овој темен вител
танчарко на сите подземни, сите нескротени води.
Ти си само овде како прастар жител
и играш врз ова тело гневно што те роди.

Заробени сме сега во игра, во круг,
и носени од тмурна и нестварна плима
цел живот патуваме од еден до друг
и секој го крие она што го има.

Ацо ШоповНебиднина, 1963
Објавена за првпат на српско-хрватски во НИН, 05.04.1964, во препев на Влада Урошевиќ.