This post is also available in: French Spanish German Russian Serbian Croatian Bosnian Italian

Песна

Биди земја неподатлива и тврда.
Биди нема статуа на столот.
Потсмевни се на мимолетноста. И грда
израсни од каменот на болот. 

Биди небо. Биди синост моја. Ѕвезди снопје,
Живо време во четири ѕида.
Забоди се непогрешно в срце. Како копје.
И потпри ме ко каријатида. 

Ацо ШоповВетрот носи убаво време, 1957
Песната е објавена на српско-хрватски во Антологијата на повоената македонска поезија на Димитар Митрев, во 1960 год.