This post is also available in: French Spanish German
Heвpeмe
Како ме носи реката, како ме фрла
од едно до друго езеро, од една до друга жед.
Најсудбоносно пеат рибите со неми грла,
Тие што вечно кружат ко воден сончоглед.
Слези долу по скалите на оваа кула,
распретај ја жарта под крилата на водната птица
бранот на најмалиот цвет сите векови таму ги лула
и талка огромни сеништа од некои дамнешни лица.
Рика утробата, ко густо небо секавица ја кине,
светот се корне, пукаат старите оски,
и сè се урива, сè пропаѓа и гине
пред срните на бранот како пред расцутени боски.
Плачи водо, завивај утробо, завивај кугло запалена.
Времето невреме вистинско е време.
Под тебе земјата лежи од умора премалена
и црн коњаник иде плодот да си го земе.
Ацо Шопов, Гледач во пепелта, 1970