This post is also available in: French Spanish English
Ноќта на огнот
Под девет ноќи ѕвезден обрач пука.
А огнот молчи. Пенушка од бука.
Ко чекач сраснат сред скриена чека
тој стои овде од искон, од века.
Ко сува гламја, како црна коба
безвреме трае и годишни доба.
Се палат лисје како лилав темјан.
А огнот молчи. Црн. Потемнет. Земјан.
Се палат лисје како темјан лилав.
А огнот молчи. Ноќ во корен жилав.
Ацо Шопов, Гледач во пепелта, 1970
Песната е претходно објавена во Раѓање на зборот, 1966 и Златен круг на времето, 1969