This post is also available in: French Serbian Croatian Bosnian
Темно е небото, темен е и океанот, Грмне ли там-тамот ден се разденува, А Куќата на робовите станува раскошен дворец и борилиште Ацо Шопов, Светлината на робовите, Песна на црната жена, 1976моќта на там-тамот
а најтемна е земјата.
Сè се засолнило в глувото дувло на темнината.
Но звукот на там-тамот со светлосен куршум ја преполовува
и двете половини крвавеат ко румени усни на зората.
Там-тамот е мистериозна тајна на животот,
од најдлабок сон живите ги скорива,
мртвите ги враќа во танец со живите,
а робовите излегуваат од своите бигори
и го живеат својот предвреме прекинат живот.
Там-тамот ги опијанува сите како палмино вино,
и сè е замелушено: и природа и човек и вода и растение,
там-тамот е празник и славје на животот,
там-тамот е општо воскресение.
сите срипуваат на нозе од својата незадржлива крв прогонети
живи и мртви, болни и неизлечени,
танецот се извива низ селата, низ саваните,
покрај реките, низ прашумите,
и како бескраен ритам и мелодија
се извишува нагоре, нагоре до сонцето
каде што од крошните на џиновските дрвје
насмевнат гледа Големиот Татко.
низ кое достоинствено чекорaт некогашните робови,
и облечени како принцовите од Мали
се борат за срцето на своите избрани сињарки.
Поемата „Светлината на робовите”,за првпат е објавена во Разгледи, XVII, бр. 10, декември 1975, стр. 1219-1224
Слушнете ја песната во документарниот филм „Баобаб со игри под крошната” (Министерство за култура)