This post is also available in: French Russian English Slovenian

“Лист”, графика од Зоран Јакимовски инспирирана од истоимената песна на Ацо Шопов (подарок од авторот на Јасмина Шопова)
Лист
Се откина од гранката сам, полека и несетено
и остана во воздухот да лебдее така.
Мислејќи дека е жолта пеперуга, детено
пружи по него рака.
И не се измени ни со прелив мал
на есента божилото.
Само гранката задржа скриена жал,
жал за зеленилото.
Ацо Шопов, Слеј се со тишината, 1955