Имам пријатели
Имам пријатели што идат кога сум caм
и глуво легло на неизвесноста вијам.
Каде да отидам, каде да залутам, знам –
никаде од нив себе си не ќe ce скријам.
Они се божилак, они се прснати капки
од врв на земјата па за облаците врзани.
He ќe ги заглушат во мене нивните стапки
ветровите кон заборав забрзани.
Ho само еден сo стапки кришум сторени
ко крадец некој гo граба моето бреме,
и ги разголува, ги корне моите корени,
па јас се чувствувам дека сум живот и време.
Имам пријатели, но само еден така
и радост носи и светла човечка мака.
Зар да сум натажен, зар очај да ме фати
што негде замина и може не ќе се врати?
Ацо Шопов, Слеј се со тишината, 1955