This post is also available in: French Russian English Serbian Albanian
Илузија
Ноќ. Во ноќта крлушки месечина.
Слева од планината безгласна далечина.
Сам во ноќта стасав до планината.
Еден свет е зад мене, една мака мината.
Глеј нешто во ветките шепоти притаено:
Сè што си присакувал сè е осознаено.
И овде, под планина, во оваа низина
дише далечината со дофатна близина.
Миг… и сè исчезнува. Сон и пат. Далечина.
Сам сум. Над врвицата крлушки месечина.
Ацо Шопов, Ветрот носи убаво време, 1957
Во изборот под наслов Песни, од 1963 год., авторот оваа песна ја објавува под наслов „Далечина”.