This post is also available in: Russian

Излези

Излези во мугрите, излези во ранина
Ha висока, скалеста, снеговита планина,
пo лицето, снагата ветрот да те милува,
мисла ненаслутена в умот да раскрилува.
Во сина далечина нешто да те понесе,
нешто заборавено она да ти донесе.

Стани сам во мугрите, излези во ранина,
на висока, скалеста, снеговита планина.
Ќе те плисне ветерот, ќe проструи свежина
и ќе здивнеш слободен од некаква тежина.

Ацо Шопов, Слеј се со тишината, 1955