This post is also available in: Serbian Croatian Bosnian
запеј ја твојата песна небесна
Запеј ја твојата песна небесна
Сињарко со очи синолички на црна арматура.
Грлото ти се довикува со вијот на океанот
и со сахарските песочни ветрови,
очите ти се извор и утока на сите реки на Црна Африка
низ кои плови мојата усвитена глава
како последна задоцнета галија со црни робови
и место очи има две огромни бездни, два бескрајни тунела
од кои со мрак и темнина си го насочува патот,
додека сè наоколу заслепува од светлина
и сонце, сонце, сонце!
Сонцето се качило врз темето на главата,
главата е вжештена, усвитена, презаситена од горештина,
само од двете ладни очни бездни, двата тунела
шиба мрак и темнината се распростила како црно тесто,
па галијата попусто за пристан го бара своето недосудено место.
Вратете се во поетската одаја на Лирскиот дом на Ацо Шопов