This post is also available in: Russian
Допри се полека до моето рамо
Допри се полека до моето рамо,
Заспи во топла белина.
Тишината е мала овошка
со гладен виј за зрелина.
Слушај ги – дишат на ветките
гнездата новородени
како едра на шир морска фрлени
и од бела тишина оплодени.
Допри ги полека до моето рамо
усните со молк исполнети.
Како ќе ги ловиме сите погледи
во овој виј засолнети.
Ацо Шопов, Ветрот носи убаво време, 1957