This post is also available in: French Spanish Russian English Serbian Croatian Bosnian Albanian
Десетта молитва на моето тело
Еве го тоа место, таа заробена убавина,
таа чудесна смрт од сино и бело,
од сино и бело во очите на ветрот,
еве го тој непрокопсаник, тоа тело.
Еве го тоа место, таа свенлива убавина,
пред сите сегашности и пред сите дамнини,
пред твоето исконско темно неспокојство –
тие неизодливи нерамнини.
Ти стоиш овде немо и притаено
над овој стивнат и непознат вител.
Биди му пролет жуберлива и лековита
ако би му била повелник и жител.
И без да прашаш со древна љубопитност
дали е верен пленик на вистините,
влези тивко и незабележано,
влези со мудроста на годините.
Ацо Шопов, Небиднина, 1963
Песната е напишана во Париз и за првпат е објавена во Современост XII, 5, 1962 год.