This post is also available in: Serbian
Како говорот глувонемите
Ние сме невозможност дивна.
Хармонија од рогати нежности,
Невина, мала моја Невина.
Нешто ме уапа безболно, нешто со крик стивна.
Тоа од твоите зaби
паѓа смрзната синевина.
Смешно. Смешни. И лисјето се кикотат.
Исплазени јазици на багремите.
И никој – само ние ја сфаќаме смислата
на сета таа бесмисленост.
Како говорот глувонемите.
Ацо Шопов, Ветрот носи убаво време, 1957
Песната за првпат е објавена во списанието Современост, VI, бр 6, јуни 1956, стр. 435.