This post is also available in: Serbian Croatian Bosnian
Во Штип и во Жоал
Колку е голем светот!
Еден под Исарот,
друг на Океанот.
Два света, две борилишта,
две различни животни светилишта.
А минуна караванот…
Колку е светот мал!
Штип и Жоал,
Еден под Исарот,
друг на Океанот.
А исти љубови,
исти бранувања
и исти поетски маки и сонувања.
Два града мали и речиси безимени
А обата со иста љубов збратимени.