This post is also available in: French

На тие брегови нема ни мир ни починка

Главата му е корен во земјата на Црна Африка
што се храни со сокови од легенди и преданија.
Мислата му е разлистена како раскошна крошна
над земјата наборена од суша и жед. 

Една ѕвезда секогаш сонувана но уште недосонета,
една ѕвезда од неговиот ум и срце одронега
го води да си почине
на бреговите на вечноста. 

А знае дека на тие брегови нема ни мир ни починка.

Ацо Шопов, Песна на црната жена, 1976