Бегалци
Каде мајко моја, кај на овој ветер?
Што ти лице бледо потонало в жал?
Не прашувај, молчи, златокосо дете,
ти си утдте нејак, ти си уште мал.“
– Зошто носиш, мајко, темна руба црна,
зошто темен превез ликот твој го скрил?
„Сине, поглеј горе: ситни ѕвезди врнат,
дали сакаш ѕвезда да ти фатам, мил?”
– Мајко, страв ме фаќа, силен страв ме души
заканува некој, ќе бидеме плен!
„Тоа ветер, сине, над смрзнати круши
тагува и плаче за пролетен ден.”
– Кажи мајко моја, кажи татко кај е?
Зошто не е со нас во стрмиот дол?
„Сине, поглеј долу: тамо светлост сјае,
го минавме веќе граничниот столб!“