Колку е голем светот
Кога во 1976 година, Ацо Шопов ја објавува Песна на црната жена , реакцииите на критиката се бројни и најчесто се однесуваат на тематските и стилски промени во стихот на македонскиот поет кој ја пишувал оваа збирка во Сенегал. Еве како на таа тема се искажува Драшко Реѓеп, ведаш по објавувањето на книгата:
„Не е исчудување песната на Ацо Шопов. Подобро би било да се каже дека е услов, закон на една умствена и прочувствувана состојба на зреење на спознавањето, на првите визии на оние мали и немушти зборови што ги препознаваме, но кои не ги паметиме. Од секогаш во стиховите на овој поет тлеела една битна и неизбежна промена, немарна кон некогашната мелодија, но и тоа како марлива, со сиот свој потенцијал, за оној помамен крдак спомени што се виорат пред нас како сопствена визија. Нема кукање, нема сентиментални довици, нема насолзен стеснет видокруг на оној често непремостен хоризонт што постојано ни се нуди како можност.“
Драшко Реѓеп (1935-2019), Српски писател
(фотографија на ©Душан Ѓоргон на Струшките вечери на поезијата 1969 год.)
Прочитајте го интегралниот текст на српскохрватски