ПРЕГЛЕД
на архивската граѓа на Фондот акад. АЦО ШОПОВ, писател (1923-1982), отстапена на чување во Архивот на МАНУ од сопругата СВЕТЛАНА ШОПОВА и ќерката ЈАСМИНА ШОПОВА, на 30 мај 1984 година.
Откупена во 1987 год. Одлука бр. 12-1911/2 од 2.12.1987

Кутија I
ЛИЧНИ ДОКУМЕНТИ
1. 1948 мај 7 – Легитимација на резервните и пензионирани офицери, генерали, адмирали и воени чиновници на Југословенската армија. бр. 4714. Оригинален документ, 31 стр.
2. 1949 јули 15 – Сведочанство за завршена ВПШ “Ѓуро Ѓаковиќ”, Белград. Оригинален документ, 2 листа.
3. 1953 јануари 5 – Пасош-Путна исправа 6р. 028281. Оригинален документ, 32 стр.
4. 1953 јуни 10 – Членска карта бр. 93, издадена од Сојузот на борците на НОВ, Скопје. Оригинален документ, 4 листа.
5. 1955 септември 23 – Здравствена легитимација бр. 56820. Оригинален документ.
6. 1956 април 25 – Здравствена легитимација бр. 138546. Оригинален документ.
7. 1959 јануари 1 – Партизанска споменица бр. 19767 – Књижица бр. 20032. Оригинален документ со фотографија, 4 листа.
8. 1961 март 15 – Диплома за завршен филозофски факултет бр.1415, издадена од универзитетот во Скопје. Оригинален документ.
8а. 1967 ноември 7 – Москва – Пригласителни билет, IVе 07546, за парада на Црвениот плошдад, по повод 50-годишнината од Октомвриската револуција, 2 парчиња.
9. 1969 март 1 – Решение бр.19 за работно место главен и одговорен уредник на КНИ “Македонска книга”, Скопје. Оригинален документ.
10. 1980 декември 31 – Легитимација на носителите на Партизанска споменцаца 1941, бр. 02855, издадена од Сојузен комитет за прашања на борците и воените инвалиди, Бедград. Оригинален документ 68 стр.

Кутија II
ОРДЕНИ И ПРИЗНАНИЈА
11. 1961 ноември 27 – Орден на Републиката со сребрен венец. бр. 122. Оригинален примерок.
12. 1969 јули 22 – Орден на трудот со црвено знаме. бр. 123. Оригинален примерок со Уверение.
13. 1974 – ноември 8 – Признание на Собранието на општина Штип. Оригинален примерок. (Осмоноемвриска награда)
14. 1974 ноември 2б – Орден за заслуги за народ со златна ѕвезда. бр. 169. Оригинален примерок.

Кутија I
РАЗНИ ДОКУМЕНТИ
15. 1976 јуни 3 – Решение за годишен одмор бр. 131-9, РККВС, Скопје, машинопис, 1 лист.
16. 1965 март 12 – Договор со НИШП “Графички завод”, бр. 01-3981, Титоград /3а објавување ка збирката Рађање ријечи/, машинопис, 1 лист.
17. 1975 ноември 19 – Договор со ИП “Рад”, Београд, за издавање избор, машинопис 1 лист.
18. 1976 февруари 3 – Договор со ИП Култура, бр. 114, Скопје за издавање избор поезија на француски, машинопис, 1 лист.
19. 1967 јануари 13 – Потврда од Комерцијална банка, Скопје, 1 лист.
20. 1967 ноември 18 – Царинска патничка декларација, Београд, 1 лист.
21. 1968 декември 17- Договор за купопродажба на лека кола, 1 лист.
22. 1970 мај 13 – Фактура бр. ЅК-55/З. Македонска книга, Скопје, 1 лист.

БИОБИБЛИОГРАФИЈА
23. Биобиблиографија на Ацо Шопов до 1970 година / со автографски дополнувања од А.Ш. /, машинопис, 2 листа.
24. Ацо Шопов / Биобиблиографија /, податоци за картотеката на Кадровската комисија, машинопис на српски јазик, 1 лист + 1 лист дбл.

ПОЕ3ИЈА
25. А.Ш. Песни, 1944, фрагмент од збирка, машинопис, 2 листа.
26. А.Ш. Со наши раце, 1950, фрагмент, машинопис, 5 листа
(ракописна поправка: “Очи” и “Во градот на Орце”)
27. А.Ш. Стихови за маката и радоста, 1950, фрагмент, автографи и машинописи, 130 листови.
28. А.Ш. Слеј се со тишината, 1955, фрагмент, автографи и машинописи, 24 листови.
29. А.Ш. Ветрот носи убаво време, 1997, фрагмент, машинописи, 18 листови.
30. А.Ш. Небиднина, 1963, фрагмент, автографи и машинописи, 66 листови.
31. А.Ш. Јус-универзум, 1968, автографи и машинописи 74 листови.
32. А.Ш. Гледач во пепелта, 1970, фрагмент, автографи и машинописи 70 листови.
33. А.Ш. Песна на црната жена, 1976, фрагмент, автографи и машинописи, 40 листови.
34. А.Ш. Дрво на ридот, 1980, фрагмент, автографи и машинописи, 25 листови.
35. А.Ш. Голема е твојата песна. Воведен збор и песна под истиот наслов, по повод прославата на 20 годишнината од формирањето на III Македонска ударна народноослободителна бригада. Машинописи и автографи, 8 листови.
36. А.Ш. Поединечни песни. 23 песни во повеќе верзии, автографи и машинописи, 29 листови.

Кутија III
ПОЕ3ИЈА – ПРЕПЕВИ
37. А.Ш. Повторно раѓање на еден јазик: кон песните на македонскиот лиричар Ацо Шопов. Предговор, избор и препев на германски јазик Ина Јун-Брода, Виена, 1968 год. Машинопис 5 листови, 7 песни на 8 листа. Вкупно текс на германски 13 листа (Заб. Превод на предговорот на македонски јазик од / Душко Томовски (?))/, машинопис, 5 листа. Вкупно 18 листови.
38. А.Ш. Грозомор и други песни, препев на српскохрватски јазик, машинопис, 4 листови.
ПРОЗНИ ТЕКСТОВИ
39. АШ. “…Колоната и не примети кога тој…”, расказ, недовршен, автографи, 2 листа.
40. А.Ш. “…Во купето бевме…”, патеписна белешка од Истамбул, машинопис, 5 листови.
41. А.Ш “…Во Истамбул туристите…”, патеписна белешка од Истамбул, машинопис, 4 листови.
42. А.Ш. “…Во Истамбул, овој милионсаи град…”, патеписна белешка за Истамбул, машинопис, 4 листови.
43. А.Ш. “…Беше околу десет часот…”, патеписна белешка од Париз, машинопис, 4 листови.
44. А.Ш. “Три средби”, расказ – париски мотиви, машинопис, 8 листови.
45. А.Ш. “Кога сонцето грее над Париз”, патеписна белешка, машинопис, 4 листови.

/Искажувања и написи по разни поводи/
46. А.Ш. “За боље упознавање савремене македонске књижевности”, машинопис, 4 листови.
47. А.Ш. “Један профил македонске литературе“, машинопис, 3 листа.
48. А.Ш. “Савремена македонска литература”, машинопис, 3 листа.
49. А.Ш. “…Осмите Струшки вечери…”, реч по повод отворањето на фестивалот на поезијата, автографи, 2 листа.
50. А.Ш. “…Не е случајно…”, говор одржан при отворањето на Струшките вечери на поезијата, автографи 6 листови, машинопис 7 листови. Вкупно 13 листови.
51. А.Ш. “…на нивните земји…”, за Струшките вечери на поезијата, фрагмент од ракопис, машинопис 1 лист.
52. А.Ш. “У пет и седамнајест”, напис за катастрофалниот земјотрес во Скопје, 1963 година, автограф 2 листа.
53. А.Ш. “У пет и седамнајест”, машинопис 3 листа. (верзија)
54. А.Ш. “У пет и седамнајест”, машинопис 2 листа ( верзија)
55. А.Ш. “У пет и седамнајест”, машинопис 2 листа (иста содржина со арх.е. 54)
56. А.Ш.”…Македонија је земља у центрадном делу Балкана…”, фрагмент, автограф 1 лист.
57. А.Ш. “Песна на еден живот”, краток есеј за црнечката поезија, машинопис 1 лист, 2 страни.
58. А.Ш. “…Убавата домаќинка на авионот…”, патеписна белешка за Африка, автографи 6 листови.
59. А.Ш. “…Во Африка…”, за поезијата на Африка, фрагмент, автограф 2 листа.
60. А.Ш. /Дијали на еден народ и една цивилизација/, за Л.С.Сенгор, машинопис 11 листови.
61. А.Ш. “Драги пријатели на поетскиот збор”, говор на Струшките вечери на поезијата, машииопис 6 листови.
62. А.Ш. “…Како неизгаслив извор…”, ракопис за револуцијата како инспирација. Автографи 2 листа.
63. А.Ш. “…Дваасет години веќе Рациновите…”, реч по повод годишнината на “Бели мугри”, машинопис 4 листови.
64. А.Ш.”Кочо Рацин денес”, автографи 7 листови.
65. А.Ш.”Рака на животот”, есеј, машинопис 2 листа.
66. А.Ш. “Република на поезијата”, есеј за средбата со Тито и Л.С.Сенгор 1975 год., машииопис 3 листа.
67. А.Ш. “Долазим, као и ви, на ХII Змајеве дечје игре…“, машинопис 3 листа.
68. А.Ш. “Покрај многих значајних појава…”, напис за културните настани во Македонија, автограф 2 листа.
69. А.Ш. “Секогаш кога се сеќавам на Вера Јоциќ…“, есеј, машинопис 2 листа.
70. А.Ш. “Веру Јоциќ упознао сам…”, фрагмент, машинопис 1 лист.
71. А.Ш. “Тоа беше време кога…”, интервју за литературната дружина во штипската гимназија, за Вера Јоциќ, за поезијата…, автографи и машинописи 9 листови.
72. А.Ш. “Го сакам Мајаковски но жив а не мумија“, интервју за Нова Македонија, автографи и машинопис 5 листови.
73. А.Ш. “Вашето прашање отвора…”, интервју на тема поезија револуција, автографи 3 листа.
74. А.Ш. “Поезија пишувам веќе одамна…”, интервју, фрагмент, автограф 1 лист.
75. А.Ш. “Прашањето што ми го поставивте…”, интервју на тема општеството и културата, машинопис 5 листови + 3 дбл. Вкупно 8 листови.
76. А.Ш. “Мојата прва песна…“, интервју, машинопис 7 листови.
77. А.Ш. “Ве молиме да ни кажете…”, интервју на тема за состојбите во филмските куќи и изборот на сценарија, машинопис 2 листа.
78. А.Ш. “Вашето прашање содржи…”, интервју на тема нашето општество и нашата литеретура, машинопис 3 листови.
79. А.Ш. “Свако има по неку страст…”, интервју и воедно сценарио на емисија која го претстевува творештвото на А.Ш., автографи и машинописи 8 л.
80. А.Ш. “Струшкиот фестивал…”, интервју, машинопис 3 л.
81. А.Ш. “Поезијата тешко може да се дефинира…“. машинопис 3 л.
82. А.Ш. “Точно е дека женета…”. интервју, автографи и машинопис 3 л.
83. А.Ш. “Како и зошто почнав де пишувам сатирична поезија…“, автографи и машинопис 4 л.
84. А.Ш. “Тое е нашата особина да импровизираме…”, интервју, машинопис 2 л.
85. А.Ш. “Беше тое пред пропаста на стара Југославија…”, интервју, машинопис 4 л.
86. А.Ш. “Без обзира на подељеност мишљења…”, интервју за филмскиот фестивал во Пула, машинопис 2 л.
87. А.Ш. “Ваше пјесништво везују…”, интервју, машинопис 6 л. + 7 дбл. Вкупно 13 л.
88. А.Ш. “Честопети децата…”, интервју за школска емисија, машинопис 2 л.
89. А.Ш. “Македонска култура у југосдовенској култури”, интервју, машинопис 1 л.
90. А.Ш. “Еден вид полемики…”, интервју, машинопис 3 л.
91. А.Ш. “Било би најидеалније…”, интервју за преведувачката дејност, машинопис 3 л.
92. А.Ш. “Реч је о речи…”, интервју за поезијата, машинопис 1 л.
93. А.Ш. “Одговор на питања литературне редакције РТ Београд“, машнопис 4 л.
94. А.Ш. “Ацо Шопов о својој новој збирци песама и о себи”, ТВ емисија Панорама, прилог на РТ Скопје, 16.1.1962 год., машинопис 3 л.
95. А.Ш. “Издавачката дејност од еден друг агол”, излагање по повод 25-годишиината од издавачката дејност, Автографи и машинопис 9 листови.
96. А.Ш. “Другар Тито”, поздравна телеграма по повод роденденот на Тито што ја напишал Ацо Шопов од името на македонскиот народ, машинопис 2 листа.
97. А.Ш. “Стоиме пред делото…”, реч по повод отворањето на изложбата на Зида Јоциќ, автографи 2 листа.
98. А.Ш. “Една богата традиција…”, реч на изложбата на Диме Шунка, машинопис 2 л. во 2 прим., вкупно 4 листови.
99. А.Ш. “Другари и другарки…”, реч по повод изложбата на македонските уметници на Второто триенале на југословенското сликарство и вајарство во Белград, машинопис 3 л.
100. А.Ш. “Ако се залагаме уметноста да ги добие…”, реч на изложбата на Драган Шојлевски, машинопис 2 л.
101. А.Ш. “Големината на еден револуционерен чин…”, реч на изложбата на тема АСНОМ, машинопис 2 л.
102. А.Ш. “Скулпторот Боро Митриќeвски…”, реч на изложбата…, машинопис 2 листа.
103. А.Ш. “Еден од основните проблеми…”, дискусија на седница на ЦК СКМ, автографи и машинописи 17 листови. (не автoризирана)
104. А.Ш. “Зборовите на другарот Тито…”, дискусија иа седиица на ЦК СКМ, машинопис 6 листови. (не авторизирана)
105. А.Ш. “Сите се согласивме дека…”, концепти за дискусија на седница на ЦК СКМ, автографи 3 листови. (?)
106. А.Ш. “Сојузот на комунистите…”, концепти за дискусија на седница на ЦК СКМ, автографи и машинописи 4 листови. (не авторизирана)
107. А.Ш. “Идејни проблеми во односите кон културата и уметноста…”, дискусија на седница на ЦК СКМ, машинопис 4 листови. (не авторизирана)
108. А.Ш. “Односот на културнитс сили кон процесите на демократизацијата на културата”, дискусија на седница на ЦК СКМ (?) машинопис 3 листови. (не авторизирана)
109. А.Ш. “Зборовите на другарот Тито…”, дискусија на седница на (?). машинопис 6 листови. (фрагмент на дискусијата, неавторизирана).
110. А.Ш. “Почитувани Другари и другарки”, писмо од Ацо Шопов, претседател на управниот одбор на Фондот за наградата “Стале Попов” упатено до Управниот одбор……. машинопис 7 листови. (Заб. “Писмото” е приклучено кон овие текстови поради природата на содржината)
111. А.Ш. “Тези за активноста на ДПМ”, дискусија по тезите…., машинопис 4 листови (?). (не авторизирана)
112. А.Ш. “Во периодот исполнет со низа општествени процеси…”, излагање за состојбите на младинските гласила за јавно информирање. Машинопис 13 листови.

Кутија IV
П Р Е П Е В И
/од Ацо Шопов на дела од светската и југословенската класика/
113. Ростан, Е. “Сирано де Бержерак” (драма во 5 чина); Препев А.Ш., автографи на 173 листови. (Заб. Автографите се пишувани на листови од Билтенот на Сојузот на здруженијата на писателите на Југославија, за периодот 1954-1955 година и содржи интересни податоци за активноста на републичките друштва)
114. Шекспир: “Хамлет” (драма во 5 чина); Препев А.Ш., автографи на 137 листа
115. Корнеј: “Сид” (драма во 5 чина); Препев А.Ш., автографи и машинописи 70 листови.
116. Ботев.Х.: “Поезија”: Мојата молитва, Хаџи Димитар, Борба; Препев А.Ш. автографи и машинописи 11 листови.
117. Сенгор, Леополд Седар. Поезија. Избор, предговор и поговор Ацо Шопов. Препев: Ацо Шопов,/Влада Урошевиќ, Георги Сталев (?)/. Автографи и машинописи 137 листови.
118. Максимовиќ, Јован: “Операта три за грош или тие чудни приказни за чудното куче Гаврило“; Београд; мај 1960. Препев А.Ш., автографи и машинописи листови. (Заб. Автографите се пишувани на задната стана на листови со машинописи чијашто содржина е продолжение на содржината на архивската единица 112; за активноста на младинските организации.)
119. Шекспир: “Ромео и Јулија” (фрагмент); Препев А.Ш., машинописи 45 листови.
120. Тадијевиќ, Драган; /”Вечер над градот”/: Одбрани песни; Избор со биобиблиографска белешка. Препев А.Ш., автографи и машинописи 48 листови.
121. Витез, Григор: “Утринска песна на чучулигата”; Препев А.Ш., машинописи 37 листиви.
122. Шекспир: “Шеесет сонети”; Препев А.Ш. (фрагментарно), автографи и машинописи 51 лист.
123. Крлежа, Мирослав: “Лирика”; Препев А.Ш., автографи и машинописи 44 листови.
124. Змај-Јовановиќ, Јован: /Поезија/; Препев А.Ш., машинописи 8 листови.
125. Змај-Јовановиќ, Јован: /Поезија/; Препев А.Ш., автографи и машинопис 21 лист.
126. Жупанчич, 0тон: /Поезија; Цицибан/; Препев А.Ш., машинописи 16 листови.
127. Радичевиќ, Бранко: /Поезија/; Препев А.Ш. машинопис 6 листови.
128. Крилов: /Басни/; Препев А.Ш., машинописи 30 листови.
129. Југословенски поети/; Избор и препев Ацо Шопов, автографи и машинописи 40 листови.
130. Пушкин, А.С. “Талисман; Цвет” (Две песни) препев од руски А.Шопов, автографи 2 листа.
131. Јесенин, С. “Последно писмо до љубeната”; Песна, препев од руски А.Ш., автограф 1 лист, 2 страни.
132. Современа египетска поезија; Избор и препев на македонски А.Шопов (?), машинописи 9 листови.
133. “Од старата кинеска поезија”; Избор и препев на македонски А.Шопов (?), машинопис 9 листови.
134. Багрицки, Едуард: “Песна за Апанаса”; Препев А.Шопов и С.Јаневски, машинописи 7 листови.

Б Е Л Е Ш К И
135. А.Ш. “Свeска за све предмете”/…Правило у војној дисциплини/; прибелешки од предавања на воен курс (?). Автографи 85 листови во тетратка А4 формат.
136. А.Ш. “Античка филозофија”. Факултетски белешки и исписи. Автографи во тетратка А4 формат, 9 листови.

ПРИКАЗИ И ЕСЕИ ЅА ТВОРБИТЕ НА АЦО ШОПОВ
137.Мицковиќ,Слободан:”Афрички мотиви”, Текст умножен на шапилограф, машинопис 2 л.
138. Реѓеп, Драшко: “Поезија тела и пролазности”. Приказ на творештвото на А.Ш., машинопис 2 листа,
139. Реѓеп, Драшко “Црно сунце Аца Шопова”; машинопис 2 листа, (фрагмент).
140. /Непознат автор/: “…Во вакви прилики при јавни настапи… “. Претставување на стихозбирката “Гледач во пепелта”, машинопис 4 листови.
141. Данев, Михаил: “Поздравна реч на претседателот на Собранието на општина Штип упатена на другарот Ацо Шопов по повод врачувањето на Орденот заслуги за народ со златна ѕвезда; машинопис 2 листа.
“Поздравна реч… упатена на другарот Ацо Шопов по повод врачувањето на Осмоноемвриската награда и спомен-плакетата; машинопис 1 лист и Програма од прославата во чест на 30 години од творештвото на Ацо Шопов одржана на 8 ноември 1974 година./ Заб. Овие материјали се добиени од Михаил Данев на 23 август 1984 година/
142. Арсовска Тамара: “Еден поглед врз поезијата на Ацо Шопов”. Школска емисија по македонски јазик и литература. Комплетно сценарио 11 листови./Заб. Најголем дел од содржината на сценариото е приказ на поезијата на А.Ш. илустрирано и низ разговор со авторот. Заради тежиштето на содржината ставено е во оваа група/.
143. Сарајлиќ, Изет, “Елегија поводом избора Аце Шопова за члана академије”, машинопис 2 листа.

Кутија V

ПРЕПИСКА
144. Писма упатени од Ацо Шопов до разни кореспонденти, гранични години 1964-1977, 3 писма, 3 листови, сите машинопис, на макед. и француски јазик.
145. Писма упатени од разни кореспонденти до Ацо Шопов, гранични години 1962-1980, 47 писма, дописни карти, разгледници, 79 листови-машинописи и автографи. /Содржина: Најголем дел од писмата се однесува на преведувањето на поезијата на А.Шопов. Во самите писма, особено од И.Ј. Брода се наоѓаат преводи на негови песни на германски јазик, како интегрален дел на писмото./ Писмата се пишувани на разни јазици.
146. Телеграми упатени до Ацо Шопов – честитки за наградата АВНОЈ и изборот за член на МАНУ и САНУ, 38 телеграми. Забелешка: Преписката е средена хронолошки и по кореспонденти, на значајните писма направени се регести. Овие податоци не се внесени во Прегледот заради тоа што се очекува бројот на писмата да се зголеми, а тоа ќе предизвика нарушување на редоследот.

ФОТОГРАФИИ
147. Ваниќ, П.Ј., Портрет на Ацо Шопов, цртеж, 25.12.1959 година, 3 цртежи
148. Фотографии, Портрет на Ацо Шопов,4 фотографии, Групни снимки, 20 фотографии. Се вкупно 24 фотографии.

Кутија VI
ИСЕЧОЦИ ОД ВЕСНИЦИ И СПИСАНИЈА Објавени творби на Ацо Шопов во весници и списанија
149. Поезија; 33 исечоци од весници и 7 списанија (+ 1 дупликат)
150. Сатирична поезија; 22 примерока на весникот “Остен” (++дупликати)
151. Различни написи (од А.Ш.), 5 исечоци од весници и 1 списание

Кутија VII
ИСЕЧОЦИ ОД ВЕСНИЦИ И СПИСАНИЈА ЗА ТВОРЕШТВОТО И ДЕЈНОСТА НА АЦО ШОПОВ
152. Рецензии за творештвото на А.Шопов; Белешки за збирки поезија, написи во кои се споменува делото на А.Шопов; 50 исечоци од весници и 7 списанија.
153. Написи за преведените дела на А.Шопов; 14 исечоци од весници од СФРЈ, 1 весник +1 списанија на странски јазик.
154. Интервјуа со Ацо Шопов; 24 исечоци од весници и 1 списание.
155. Написи за Ацо Шопов за избор за член на МАНУ; 7 исечоци од весници и 1 списание.
156. Написи за Ацо Шопов како добитник на награди; за АВНОЈ 6 исечоци; за “Рациновата награда” 1 исечок; за наградата “Браќа Миладиновци” 1 исечок; за “11 Октомври” 2 исечока; за “наградата на “Змаевите детски игри” 3 исечоци.(Се вкупно 13 исечоци).
157. Написи во врска со Струшките вечери на поезијата и Ацо Шопов; 11 исечоци.
158. Написи за Ацо Шопов како општествен работник; 6 исечоци.
159. Разни исечоци од весници; 11 исечоци и 1 списание

Кутија VIII

ДРОБЕН ПЕЧАТ
160. Покани за отворање и присуство на разни приредби, свечености, приеми, околу 10 парчиња.

ТУЃИ МАТЕРИЈАЛИ
161. Брајковиќ, Раде;”Вечерње новости”, Београд: Потсетник со прашања на кои треба да одговори Ацо Шопов/…во врска со СВП…/, автограф 1 лист.
162. “…Деновиве разговаравме…”; Прашања кои му се поставени на А. Шопов; машинопис, 1 лист.
163. “Интервју со Славко Јаневски” 20 прашања на кои треба да одговори…, машинопис 2 листа. (Забелешка: Се претпоставува дека автор на прашањата е Ацо Шопов. Заб. М.М.)
164. Skogshed, Hans: Поезија; Проза; Биографија: Рецензија за неговото творештво. Машинопис на српски јазик, 20 листови.
165. Јаневски Славко; “Имтимен мотив”, посветена на А.Ш., – песна, автограф, 1 лист.
166.Сарајлиќ, Изет; “Гороштај са Скопља”, – песна посветена на земјотресот во Скопје, автограф 1 лист.
167. Најческа Драгица; “Поезија”/Крв и смрт и надеж и други песни/, машинопис, 4 листови.
168. Каваев, Асен; “Истина и сензација”, – расказ, машинопис, 5 листови.
169. Павловиќ; “О савременом и модерном у књжевности” – реферат на Пленумот на Сојузот на писателите на Југославија одржан 1954 година (во понатамошниот текст: ПСПЈ, 1954), шапилографски умножен, 5 листови.
170. Шинко, Ервин; “О неким заједничким карактеристикама прогресивних естстика у односу према уметничком стваралаштву” – реф. на ПСПЈ, 1954 година, машинопис умножен на шапилограф, 17 листови.
171. Менарет, Јанез; “Форма и савремена тематика”-реф. на ПСПЈ, 1954 г., машинопис на шапилограф, 6 листови.
172. /Бихаљ,Ото-Мерин/; “Неспоразуми у култури, атомизација уметности и покушај синтезе”- реф. на ПСПЈ, 1954 г. машинопис, шапилограф,14 листови.
173. /Крлежа, Мирослав(?)/; “Увод у тезе о тенденцији” -/дисксусија/ на ПСПЈ, 1954 г., машинопис на шапилограф, 4 листови.
174. Список на референти на ПСПЈ,1954 г., машинопис 1 лист.
175. Тошев, Крум; “Некои мои впечатоци од Меѓународниот славистички конгрес во Софија”, машинопис, 2 листа.
176. Корубин, Илија; “Извештај за работата на Работничкиот совет на КН “Кочо Рацин” за 1965 година” -машинопис 16 л.

Фондот го истражувала, средила и обработила
МАРИЈА МИЛОШЕВСКА, архивист во Архивот на МАНУ