Слово за поетот

Го издиша зборот, ја шепна речта,
А тие две птици се сторија
Едната убавина, другата мечта
Во срцата што ни проговорија.

Потоа и самиот летма
Затоа секаде го има, тој во сè е
Погледнете: песната во воздухот му светка
Наслушнете: пред вас и бронзата пее.

_________________
* Oваа своја песна Михаил Ренџов ја прочита пред бистата на Ацо Шопов, во рамките на манифестацијата „Денови на Ацо Шопов”, одржана во Штип на 9 и 10 мај 1985 година. Објавена е во Дело 74, 1982, год XII, бр. 3, стр. 205