This post is also available in: Macedonian French Spanish German Russian English Slovenian Croatian Bosnian Albanian
Архитектура Лирског дома Аце Шопова
translation in progress
Се наоѓате во Лирскиот дом на Ацо Шопов (Штип, 1923 – Скопје, 1982), еден од основоположниците на современата македонска поезија кој се вбројува во редот на најеминентните поети на југо-источна Европа во 20-от век.
- За тоа како се роди идејата за овој интернетски портал којшто ја отвори вратата за публиката на 8 октомври 2014 год., и за архивскиот материјал користен во него, ќе дознаете тука.
- Витрината на Лирскиот дом содржи кратка биогрaфија на авторот, а подетални илустрирани информации се наоѓаат во просторијата Слики од еден живот.
- Библиотеката содржи комплетната библиографија на авторот, со поподробни податоци за избор од неговите оригинални и преведени книги, од книгите што тој ги превел од странски јазици на македонски и од книгите што му се посветени.
- Во Читалницата се наоѓа избор од негови ракописи, песни, преводи и препеви, разговори, есеи и искажувања, како и од толкувањата на неговото творештво. Но песни од Ацо Шопов ќе најдете во речиси сите простории на неговиот Лирски дом. Посетите ги!
- Галеријата прикажува дел од неговите уметнички портрети како уметнички дела инспирирани од неговите песни.
- Во салата наменета на Настаните поврзани со Ацо Шопов се прикажани информации и фотографии од тие моменти на дружење со неговата поезија кои го одржуваат жив споменот за него.
- Во Лирскиот дом можете да ја посетите и Видеотеката, да купите книга во Книжарницата, да најдете корисни Линкови, и да ги запознаете Пријателите на Ацо Шопов вон Македонија.
- Посебно катче во Лирскиот дом имаат и добитниците на наградата Ацо Шопов, што Друштвото на писателите на Македонија ја доделува секоја година за најдобрата збирка објавена претходната година.
- За Фондацијата Ацо Шопов – Поезија ќе добиете информации тука.