Треба да бидеме подобри

Треба да бидеме подобри.
Треба да бидеме подобри.
Подобри од црвеното срце на лебот
од кој ни мириса сета соба
на Сонце, Земја и Глад.
Треба да бидеме подобри.
Треба да бидеме подобри.
Подобри од белите усни на водите
кои, љубејќи ги твоите колена,
шепотат за сите суводолици
и сите грла што сонуваат вино.
Треба да бидеме подобри.
Треба да бидеме подобри.
Подобри заради она дете
што го замислиле твоите утра
и божолото ма твоето срце.
Заради оној добродушен човек
кој гледајќи те со „Добар ден”
смирено го зема својот обед.
Треба да бидеме подобри.
Треба да бидеме подобри.
Подобри од црвеното срце на лебот,
подобри од белите усни на водите,
заради нас,
заради нас,
заради човековиот „Добар ден”,
заради она невино дете
што го замислиле твоите утра
и божолото на твоето срце.

Ацо ШоповВетрот носи убаво време, 1957
Превод: Роман КисьовРаждане на словото, 2013

Чуйте песента в интерпретация на внуците на Ако Шопов, Мила, Александър и Леонардо