This post is also available in: Macedonian French Spanish German Russian English Albanian
Роман Кисьов, Булгария
Роман Кисьов, поет, художник и преводач на поезия, роден е 1962 година во Казанлак, Бугарија, но е отраснал в град Русе.
Translation in progress
Автор е на пет збирки поезија, а негови песни се објавени речиси во сите бугарски литературни изданија и во поетски антологии во Бугарија, Македонија, Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина, Романија и Индија. На македонски ја има објавено збирката Словото Пастир, во препев на Ефтим Клетников, а во издание на Макавеј, 2010 год, и Јајца од феникс, електронска книга во препев на Иван Шопов, а во издание на Темплум, 2016 год.
Како сликар, со самостојни изложби настапил во Берлин, Виена,Скопје и Софија, а учествувал и во редица групни изложби и меѓународни ликовни колонии во Бугариjа, Грција, САД, Италиjа и Македониjа. Илустрирал голем број книги од светски поети.
Роман Кисјов е автор на првиот изборот и препев на поезијата на Ацо Шопов на бугарски јазик, објавен под наслов Раждане на словото (Раѓање на зборот), Авангард принт, Русе, 2013. Нему му ги должиме исто така графичката концепција и илустрациите на книгата.
На бугарски, Роман Кисјов ги има објавено книгите Вратите на раjот (1995), Сенката на полетот (2000), Светоодец на Светлината (2003), Криптус (2004, 2007), Гласови (2009), Градината на тајните (2014), Јајца од феникс (2014), Мистичната ружа, избрани песни (2016), а на други jазици: Hodočasnik svjetla (на хрватски, препев: Жарко Милениќ – Zagreb, Hrvatska, 2008), Словото Пастир (на македонски, препев: Ефтим Клетников – Скопjе, Р Македониjа, 2010), Poems (на бенгалски, препев: Alok Bandyopadhyay – Калкута / Kolkata, India, 2013), Lumea cuvintelor (Светот на зборовите, на романски, препев: Мариус Келару (Marius Chelaru) – Јаш, Романиjа (2014), Вознесение (триjазична – на бугарски, руски и ерменски, препев на руски: Кирил Ковалџи, Александар Говорков и Владимир Штокман; препев на ерменски: Гагик Давтjан – Степанакерт, Нагорно- Карабах, 2014).
На 8 септември 2016, Роман Кисјов објави антологија на македонаката поезија пон наслов Портал на сонцето, во издание на EРГО, 350 стр.
Промоција на антологијата: 8 октомври 2016, во 18:30 часот, во Културно-информативниот центар на Република Македонија во Софија.
Податоци за изложбата на Роман Кисјов „Ангели-ликови-знаци“ во Скопје, август 2014 год.
Coзерцателот
Го слушам зрното како расте во земjата.
И таjните ги слушам коишто морските бранови
му ги шепотат на брегот.
Ги слушам стапките на птиците врз песокот
и стапките на раковите по дното од океанот.
Ги слушам стенканьата на осудените во адот
и извиците на блажените во раjот.
Го гледам jасно зародишот во утробата
на идната маjка.
И сокот на дрвото го гледам како патува
од коренот до крошната расцутена.
А во детските зеници
го гледам летот на птиците.
И ангелите-чувари до моите родители ги гледам.
Во гласот на моjата крв се вслушувам.
И во сенката на моето слово се вsирам.
Jа посматрам моjата млада древност.
И го славословам рагањето на моjата вечност.
Песна од Роман Кисјов во препев на Ефтим Клетников
Вратите на рајот
Мрачно е небото.
Тешко и оловно е небото.
Страшно е небото.
Се тресе од гром и молњи.
О, не. Немоj да мислите
тоj татон и грмежи
се физички поjави,
што и` се познати на науката!…
Тоа се бесните удари со тупаници
на блажените
по портите на раjот.
Песна од Роман Кисјов во препев на Ефтим Клетникоv
©Роман Кисјов