Also available in: English

Програма на „Денот поезија“ посветен на Шопов во УНЕСКО

Јубилејот сто години од раѓањето на Ацо Шопов беше  чествуван во соработка со УНЕСКО, на 21 март 2023 година, во седиштето на Меѓународната организација во Париз, Сала II. Програмата на денот е во продожение.

See the content of the booklet

Програма на денот

09:35  Поздравна реч на Одре Азуле, Генерална директорка на УНЕСКО и на Стево Пендаровски, претседател на Република Северна Македонија

09:50  Проекција на анимираниот филм „Грозомор“ според истоимената песна на Ацо Шопов инспирирана од скопскиот земјотрес во 1963 год. Флипбук Продукција, 2023, Скопје

10:00 Отворање на работниот дел на меѓународниот симпозиум во чест на Ацо Шопов „Поезија: творештво, препев и оптек на делата на јазиците од помалите говорни подрачја”, Јасмина шопова, Фондација Ацо Шопов – Поезија

10:10  Прва сесија : „Што ќе ни се поетите?”
Модератор Катица Ќулавкова (МАНУ)
Влада Урошевиќ (Северна Македонија)
Сибелан Форестер (САД)
Силвестр Клансие (Франција)
Сибила Петлевски (Хрватска)
Хозе-Мариа Паз-Гаго (Шпанија)
Давид Шук (САД)

11:30  Најава на лауреатот на „Златен венец“ Струшките вечери на поезијата и на наградата „Мостовите на Струга“, Тодорче Тасевски, директор на фестивалот

11:40  Втора сесија: „Препевот како друг начин на поетско постоење“
Модератор Фроса Пејоска-Бушро (ИНАЛКО, Париз) – 5 мин.
Дионисио Моралес (Мексико)
Дауда Ндиај (Сенегал)
Кристина Е. Крамер (Канада/САД)
Роли Грау (САД/Словенија)
Маќеј Кавка (Полска)

13:00  Пауза

15:30 Трета сесија: „Поезијата на дофат на сите?“
Модератор, Јасмина Шопова (Фондација Ацо Шопов – Поезија)
Џамила Межри (Тунис)
Вил Еванс (САД)
Ролан Кајзер (Луксембург)
Ив Бержере (Франција)
Миа Леконт (Италија)
Жан Портант (Луксембург)

16:50 Заклучна реч на Акад. Љупчо Коцарев, претседател на Македонската академија на науките и уметностите

16:55  Обраќање на Бисера Костадиновска–Стојчевска, министер за култура и претседател на Националната комисија за УНЕСКО на РСМ


17:00 Обиколка на изложбата „Патот по кој чекорам“ за творечкиот пат на Ацо Шопов (пред Сала II)

17:30  „Долго доаѓање на огнот”,
повеќејазичен мултимедијален поетски перформанс, во изведба на: Жан Петреман и  Никола Ристановски, Дуо СолиПс и Дијана Томиќ Радевска, со специјално учество на аргентинската поетесата Луиса Футорански.