This post is also available in: French
Чествување на Шопов во УНЕСКО,
21 март 2023, Светски ден на поезијата
Во 2023 година, Светскиот ден на поезијата, 21 март, ќе се одбележи со чествување на македонскиот поет Ацо Шопов во седиштето на УНЕСКО, во Париз. Програмата, предложена од страна на Македонската академија на науките и уметностите, во соработка со Фондацијата Ацо Шопов-Поезија, предвидува меѓународен симпозиум на тема „Поезија: творештво, препев и оптек на делата на јазиците од помалите говорни подрачја”. На симпозиумот пријавија учество дваесетина писатели, преведувачи, универзитетски професори и издавачи од 14 различни земји и од 3 континента. Во продолжение на научната програма, овој еднодневен настан ќе се заокружи со повеќејазичен и мултимедијален поетски перформанс во чест на Шопов, во кој ќе земат учество видни македонски и француски актери.
Стогодишнината од раѓањето на Ацо Шопов е вклучена во Календарот на јубилеи кои УНЕСКО ги поддржува во текот на 2022-2023 година.