Катица (Ката) Ќулавкова е добитник на награта “Ацо Шопов” во 2004 год., за збирката Слеп агол
“Слеп агол е поетско дело проткаено со рационална поетска мисла и со јасни пораки за нашата изместена реалност”, според претседателот на жири-комисијата Ресул Шабани. “Авторката е опседната со актуелни теми и мудро говори за нарушените морални и духовни вредности. Вешто компонирајќи ја стихозбирката, Катица Ќулавкова води меѓуцивилизациски дијалог, препознатлив за македонскиот простор во кој се преплетуваат повеќе култури, кои со своето богатство и разновидност имаат непроценлива вредност.”
Според Ќулавкова, оваа книга “фокусирана на македонската современост видена од личен агол”, има за цел “да остави трага за овие времиња за да можат идните поколенија подобро да ги разберат истите” .
Катица Ќулавкова се вбројува во највидните и најактивните толкувачи и промотори на поезијата на Ацо Шопов. Автор е на повеќе избори и толкувања на поезијата на Шопов, меѓу кои: Поезија (избор од поезијата на Ацо Шопов), Скопје, Македонска книга, 1993, Раѓањето на зборот, Битола, Микена, 2008 и The Word’s Nativity, Skopje: St. Clement of Ohrid National and University Library, 2011.
Во Лирскиот дом на Ацо Шопов, се наоѓа серија студии на Катица Ќулавкова за поезијата на Шопов, како и настани во чест на поетот, коишто таа ги организирала или во коишто учествувала.
Прочитајте повеќе за Катица Ќулавкова на нејзината веб страница