This post is also available in: French Spanish German Russian English Serbian Slovenian Croatian Bosnian Albanian

Ацо Шопов: Kниги преведени на други јазици 

Zlij se s tišino од Ацо Шопов е прва книга од македонски автор преведена на словенечки и објавена во 1957 (рецензија на Јанез Менарт, Ljudska pravica, Љубљана, 07.12.1957). Прва книга од македонски автор преведена на еден голем светски јазик е повторно книга на Шопов: тоа е изборот од неговата поезија под наслов Ветер приносить погожие дни (Ветрот носи убаво време), објавена во Москва, во 1964 година (рецензија на Милан Ѓурчинов, Вечер, 13.02.1965). Првата книга од македонски автор преведена на јазик вон словенската група, унгарскиот, е исто така од Шопов: Örök várakozó (Оној што вечно чека) објавена во Нови сад во 1964 година (рецензија на Паскал Гилевски, Нова Македонија, 07.03.1965).

Книги поезија од Ацо Шопов се препеани и на англиски, арапски, бугарски, германски, летонски, полски, романски, руски, словенечки, српски, унгарски, француски, хрватски, чешкии и шпански. Ацо Шопов е застапен во голем број антологии и списанија меѓу кои и на биелоруски, грчки, италијански, кинески, малезиски, словачки, турски, украински и холандски.

Во текот на својот живот, Шопов објавил 10 книги на странски јазици. По неговата смрт, во 1982 година, нивниот број непрестано се наголемува.

Подетални податоци за нив ќе најдете во повеќејазичната библиографија на преведени книги. Податоците се по дефиниција на јазикот на кој е преведена книгата. За некои книги постојат информации на повеќе јазици.

Во Библиотеката на Лирскиот дом се наоѓаат исто така
Збирки на македонски
Книги што Шопов ги превел на македонски
Дела за Шопов
Читалницата  нуди голем избор од поезијата и други написи на Шопов, како текстови за него.