This post is also available in: French Spanish German Russian English Albanian
Се наоѓате во Галеријата на Лирскиот дом на Ацо Шопов (1923-1982).
Во неа можете да ја посетите фототеката Слики до еден живот, во која ќе најдете избор на коментирани фотографии коишто ги илустрираат четирите децении творечки живот на Ацо Шопов, како и Видеотеката со инсерти од аудиовизуелен материјал.
Во Уметничката галерија на Лирскиот дом е изложен избор од портретите на поетот, дела на македонски сликари, скулптори и карикатуристи, како и избор од уметнички дела инспирирани од поезијата на Ацо Шопов.