This post is also available in: French Spanish German Russian English
Aco Šopov: Lector de cenizas (Гледач во пепелта), México, Cuadernos Cara a Cara, 1987
„Ацо Шопов многу рано научи да чита во пепелта”, пишува мексиканската поетеса Аурора Марија Сааведра, во предговорот на изборот Lector de cenizas (Гледач во пепелта), објавена на шпански јазик во Мексико. „Овој поет, роден во Штип, град со поглед свртен кон планините, малку се грижеше за филозофските и естетските струи што се разгрануваа на различни географски широчини, натпреварувајќи се меѓу себе по своите „авангардни“ интенции. Колку и да беше добро информиран новинар, академик и дипломат, тој не им должи ништо на унанимизмот, тремендизмот, футуризмот, експресионизмот или некој друг помодарски правец. Во исто време, во неговата поезија навираат истите поплави од сомнежи и убедувања како во мислата на еден Сартр, на еден Ками или на еден Ман. Неговата поезија не познава граници.”
„Неговиот збор, неговата песна, неговата поезија ги шират своите корени во тој згрчен и ужасен свет, во кој живее Шопов, во кој живее целиот негов народ”, пишува мексиканскиот поет и критичар Дионицио Моралес. „И откако тој народ го најде своето место во светот преку зборот, откако повторно се роди од пепелта, откако читаше во пепелта, откако пишуваше со пепелта, ги пушти своите корени идејата, чувството за татковина (овде мораме да отстраниме било каква демагошка конотација на зборот татковина)”.
Препеаните песни во овој избор можете да ги видите овде, на шпански.