Ацо Шопов: Раѓање на зборот (Избор), 1966Ацо Шопов: Раѓање на зборот, Скопје, Мисла, 1966 (Избор)

„Песните од стихозбирката Раѓање на зборот се избор од творештвото на Ацо Шопов, но еден таков избор што бездруго се наоѓа на многу високо, антологиско, рамниште, па како таков имплицира еден дијалог со неа од повеќе аспекти и од повеќе причини за искрено и отворено воодушевување”, пишува литературниот критичар Миодраг Друговац. „Оваа поезија има свое име и презиме, своја легитимација на естетската припадност, свое веќе зацврстено јас на страниците на нашата книжевна историја”, вели тој, пред да се осврне кон песната „Осма молитва на моето тело или ќе ја смисли таа љубов” (Небиднина, 1963) објавена во овој избор. (Прочитајте повеќе)

Оваа книга во која се внесени песни од претходните збирки на Шопов, а особено од Небиднина, содржи 10 необјавени песни: „Езеро”, „Езеро крај манастирот”, „Ноќ над езерото крај манастирот”, „Повлекување на огнот”, „Ноќта на огнот”, „Љубовта на огнот”, „Август”,„Грозомор”, „Златен круг на времето” и „Тажачка од онаа страна на животот”.

Содржина

Молитви на моето тело
Раѓање на зборот
Молитва за еден обичен но уште непронајден збор
Втора молитва на моето тело
Трета молитва на моето тело
Четврта молитва на моето тело
Петта молитва на моето тело
Шеста молитва на моето тело
Седма молитва на моето тело
Осма молитва на моето тело или кој ќе ја смисли таа љубов
Деветта молитва на моето тело
Десетта молитва на моето тело
Последна молитва на моето тело

Златен круг на времето
Во тишина
Здравица
Jас и мојот пријател
Добра ноќ
Кон галебот што кружи над мојата глава
Ветрот носи убаво време 
Лов на езеро
Езеро
Езеро крај манастирот
Ноќ над езерото крај манастирот 
Повлекување на огнот
Ноќта на огнот
Љубовта на огнот
Август
Грозомор
Златен круг на времето
Тажачка од онаа страна на животот

Песната и годините
Долго живеам на ова место
Лузна
Има долу една крв
Квечерина
Очај пред тврдината
Небиднина
Песната и годините