Ацо Шопов: Песни, Скопје, Кочо Рацин, 1963 (Избор)Ацо Шопов: Песни, Скопје, Кочо Рацин, 1963 (Избор)

Ова е прв избор од поезијата на Ацо Шопов, во којшто авторот, покрај песните Очи и Љубов, од најраната фаза на неговото творештво,  вклучува песни од збирките Слеј се со тишината (1950), Ветрот носи убаво време (1957) и Небиднина (1963)

Изборот Песни е објавен во јануари 1963, додека збирката Небиднина е објавена во јуни истата година, непосредно пред скопскиот земјотрес. Со овој избор, Шопов ја најавува Небиднина со неколку песни: „Лузна”, „Молитва за еден обичен но уште непронајден збор”, „Трета молитва на моето тело” и „Песната и годините”, но го задржува за подоцна објавувањето, во книга, на целиот циклус на Молитвите, како и на самата песна „Небиднина”.

Книгата е објавена во издание на „Кочо Рацин”, Скопје, во колекцијата „Библиотека Златна клупа”. Тираж 5000 примероци. Печатењето е завршено во јануари 1963 година во печатница „Нова Македонија”, Скопје. Нацрт на корицата: Димче Протуѓер.