Ацо Шопов: Долго доаѓање на огнот: Песните-живот, 1993
По повод 70-годишнината од раѓањето на македонскиот поет Ацо Шопов, неговата сопруга Светлана објави избор од неговата поезија.
Во предговорот кон оваа книга од 78 страни, што ја издаде во 1993 година Либер-М од Скопје, таа се присеќава на нивната средба, на раѓањето на нивната љубов и споделува со читателите спомени за раѓањето на одделни песни застапени во изборот.
„Убав знак е ова, добра најава која не само што треба да се одбележи, туку и најсрдечно да се поздрави и поддржи”, вели Анте Поповски во промотивната беседа за оваа книга. „Нашата културна, па во рамките на ова и нашата книжевна традиција, се мошне скромни во оваа намисла. Нештата што се случуваат во домот и во односите меѓу пријателите − се детали од исклучително значење што имаат своја функција во појаснувањето на многу што во творечкиот чин, во гневот и во поривот на авторот, во неговите јавни надежи и скриени страдања.”
Содржина
- Песните-живот, Светлана Шопова, предговор
- Во тишина
- Има долу една крв
- Лузна
- Кога ти е најтешко
- Кон галебот што кружи над мојата глава
- Лист
- Облак
- На езеро
- Лов на езеро
- Ветрот носи убаво време
- Треба да бидеме подобри
- Раѓање на зборот
- Молитва за еден обичен но уште непронајден збор
- Втора молитва на моето тело
- Трета молитва на моето тело
- Четврта молитва на моето тело
- Седма молитва на моето тело
- Осма молитва на моето тело – или кој ќе ја смисли таа љубов
- Деветта молитва на моето тело
- Десетта молитва на моето тело
- Последна молитва на моето тело
- Квечерина
- Очај пред тврдината
- Небиднина
- Песната и годините
- Долго доаѓање на огнот
- Грозомор
- Тажачка од онаа страна на животот
- Август
- Гледач во пепелта
- Езеро
- Езеро крај манастирот
- Ноќ над езерото крај манастирот
- Црно сонце
- Пак црно сонце
- И уште еднаш црно сонце
- Баобаб
- Во сонот на црната жена
- Пред расцутување на фланбоајаните
- Настан на езерскиот брег
- Загледан во океанот
- Во очите на сињарките
- Песна на сињарката – запеј ја твојата песна небесна
- Клошарска песна на поетот
- Сам со својот пламен во градите
- Од најстара и најчиста сончевина
- Дрво на ридот