Книги на македонски

Автор на првата книга на македонски јазик во слободна Македонија, Песни (1944), Ацо Шопов има објавено дванаесет оригинални збирки и осум избори поезија за време на својот живот. Бројот на избори од неговата поезија непрестано се наголемува по неговата смрт во 1982 год., како на македонски, така и во препев на странски јазици.

 

Шопов секогаш се дефинирал исклучително како поет и препејувач. Не пишувал друг вид литература. Но постои една книга која жанровски не може јасно да се определи, објавена за време на неговиот живот, Дванаестмината од сончевата колона на младоста (1961), како и две книги објавени по неговата смрт, Од Исарот до Мамел (2013) и Автопортрет со седум прсти (2024) во кои се поместени негови необјавени раскази и патеписи, како и негови разговори, статии и есеи публикувани во периодиката од 1945 година до крајот на неговиот живот.

Во оваа одаја на Библиотеката на неговиот Лирски дом ќе најдете податоци за оригиналните збирки, за изборите од неговата поезија на македонски, како и за трите горенаведени книги.

Оригинални книги

Избори од творештвото на Шопов

  • Песни. Скопје: Кочо Рацин, 1963.
  • Раѓање на зборот. Скопје: Мисла, 1966.
  • Песни. Скопје: Македонска книга и Детска радост, 1967.
  • Избор. Приредувач Георги Старделов. Скопје: Македонска книга, 1968.
  • Златен круг на времето. Скопје: Мисла, 1969.
  • Песни = Песме. Избор и предговор Георги Старделов; превод и препев Сретен Перовиќ, Белград: Народна књига, [1975], 277 стр.
  • Одбрани дела. Приредувач Слободан Мицковиќ. Скопје: Мисла, 1976.
  • Ацо Шопов, Избор и предговор Георги Старделов, Струга, 1976.
  • Океанот е мал, човекот е голем. Приредувач Георги Старделов. Скопје: Центар за култура и информации, 1977.
  • Лузна. Предговор на Ефтим Клетников. Скопје: Мисла, 1981.
  • Избор од поезијата. Приредувач Раде Силјан. Скопје: Македонска книга, 1987.
  • Песни. Приредувач Раде Силјан. Скопје: Здружени издавачи, 1988.
  • Небо на тишината. Приредувач Веле Смилевски. Скопје: Култура, 1990.
  • Гледач во пепелта. Приредувач Георги Старделов. Скопје: Мисла, 1991.
  • Долго доаѓање на огнот: Песните живот. Приредувач Светлана Шопова. Скопје: Либер-М, 1993.
  • Поезија. Избор од поезијата на Ацо Шопов. Приредувач Катица Ќулавкова. Скопје: Македонска книга, 1993.
  • Лузна = Stigmate. Избор: Јасмина Шопова. Скопје. Матица македонска, 2001. 253 стр. (македонски и француски)
  • Сенгор – Шопов : Паралели. Приредила Јасмина Шопова. Предговори: Јасмина Шопова, Амиду Сал, Ристо Лазаров. Илустрации: Христијан Санев. Скопје : Сигмапрес, 2006. 206 стр. (македонски и француски)
  • Раѓањето на зборот. Избор и предговор : Катица Ќулавкова. Битола: Микена, 2008.
  • Од Исарот до Мамел (Од Исарот до Мамел : (раскази и патеписи) / Ацо Шопов ; [предговор и приредил Блаже Китанов]. - Скопје : Макавеј, 2013 (Скопје : Академски печат) ; 169 стр. : илустр. ; 22 см.
  • Песна над песните / Ацо Шопов ; избор од поезијата, размислите, критиките и архивскиот материјал Јасмина Шопова. - Скопје : Сигмапрес, 2023 (Скопје : Графостил) ; 261 стр. : илустр. ; 23 см.
  • Автопортрет со седум прсти : влог во современата македонска културна историографија / Ацо Шопов ; редакција и предговор Јасмина Шопова. - Скопје : Антолог, 2024 (Скопје : Графоден) ; 575 стр. : илустр. ; 20 см.