Научна конференција, Охрид, 11-13,08.2003
Во рамките на 36-от Меѓународен семинар за македонски јазик, литература и култура, во Охрид се одржа 30-та научна конференција, од 11-13 август 2003 година, во чија програма беше внесен и симпозиум посветен на творештвото на Ацо Шопов.
Според објавените акти, симпозиум бил организиран по повод 20-годишнината од неговата смрт (комеморирана претходната 2002 година). За забелеќување е дека во 2003 год., се одбележуваше всушност 80-годишнината од раѓањето на македонскиот поет.
Актите се објавени во: Ацо Шопов 20 години од смртта, XXX Научна конференција на XXXVI меѓународен семинар за македонски јазик, литература и култура (Охрид, 11-13 август 2003 г.). – Скопје : Универзитет “Св. Кирил и Методиј”, Меѓународен семинар за македонски јазик, литература и култура, 2004, стр. 203-597.
На симпозиумот зедоа учество:
- Мирољуб М. Стојановић: Празнина и тишина – еквиваленти или антиподи у поезији Аце Шопова и Бранка Миљковића, стр. 505-512
- Славица Србиновска: Современи рефлексии за улогата на “гласот” и “тишината” во поезијата на Ацо Шопов, стр. 513-532
- Блаже Китанов: Црната жена во поезијата на Ацо Шопов, стр. 533-536
- Кристина Николовска: Внатрешната динамика на поезијата на Шопов, стр. 537-541
- Лилјана Тодорова: Поетската релација на Ацо Шопов со инспиративната негроафриканска култура: допир и оригиналност наспоредно, стр. 543-556
- Соња Стојменска-Елзесер: Минијатурите на Ацо Шопов, стр. 557-564
- Лидија Капушевска-Дракулевска: Поетската слика и нејзиниот исказ, стр. 565-570
- Владимир Мартиновски: Хормони на имагинацијата: огнот и водата во лириката на Ацо Шопов, стр. 571-584
- Намита Субиото: Поезијата на Ацо Шопов во Словенија, стр. 585-592
- Persida Andronache: Aco Šopov u Rumuniji, str. 593-597