This post is also available in: French English Slovenian

Aco Šopov: Zlij se s tišino (Слеј се со тишината), Ljubljana: Državna založba Slovenije, 1957

Слеј се со тишината, од Ацо Шопов е првата книга од македонски автор објавена во Словенија, во 1957 год. Препев: Иван Минати. Поговор: Фран Петре.„Поетското творештво на Ацо Шопов на словенечката публика ѝ e претставено во три антологии на македонската поезија, а во целост е преведена и неговата стихозбирка Слеј се со тишината”, пишува словенечката македонистка Намита Субиото во освртот за Поезијата на Ацо Шопов во Словенија, објавен во актите на XXX Научна конференција на XXXVI меѓународен семинар за македонски јазик, литература и култура (Охрид, 11-13 август 2003 г.).

За рецепцијата на  Zlij se s tišino во Словенија, таа вели дека добила „одлични оценки и пофалби од страна на словенечката критика на страниците од весниците: во списанијата Ljudska pravica (Janez Menart), Večer (Jagoda Florjančič), Knjiga (Rapa Šuklje), Naša Sodobnost (Marjan Brezovar), Naši Razgledi (Lozje Krakar), Delo (Ciril Zlobec).”

На слична тема пишува и Бистрица Миркуловска во текстот Слеј се со тишината – Zlij se s tišino.

Содржината на збирката се наоѓа на словенечката верзија на оваа страница.

Прочитајте го исто така текстот на Ацо Шопов за меѓусебниот превод на југословенските литератури.