Добродојдовте во Лирскиот дом на Ацо Шопов (Штип, 1923 – Скопје, 1982), еден од основоположниците на современата македонска поезија кој се вбројува во редот на најеминентните поети на југо-источна Европа во 20-от век.

Идејата за овој интернетски повеќејазичен портал, којшто нуди панорама во зборови и слики на животот и делото на Ацо Шопов, се роди во 2012 година кога се објави двојазичниот избор од неговата поезија на француски и германси јазик под наслов  Soleil noir/Schwarze Sonne. Иницијативата дојде од Ролан Кајзер и Јасмина Шопова. Ролан Кајзер е директор на издавачката куќа PHI од Луксамбург, на која и’ го должиме техничкото обликување одржувањето на порталот. За неговата содржина се грижи ќерката на поетот, Јасмина Шопова, толкувач и преведувач на неговата поезија.

Најголемиот дел од објавениот архивски материјал во овој интернетски портал доаѓа од личните фондови на Светлана Шопова, сопруга, и Владимир Шопов (1948-2000), син на поетот. Материјалот се наоѓа претежно во Фототеката на Лирскиот дом, како и во Читалницата, во којашто се нуди и пристап кон оригинални ракописи на поетот, што му припаѓаат на „Фондот Ацо Шопов” од Архивот на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ). И’ благодариме на Академијата што ни овозможи да ги дигитализираме и објавиме.

И’ благодариме исто така на Македонската радиотелевизија (МРТ)  којашто, за потребите на овој портал, дигитализираше голем број емисии посветени на Шопов и на тој начин значително ја збогати колекцијата на Видеотеката” на неговиот Лирски дом.

Благодарност и’ изразуваме и на Народната и универзитетска библиотека „Свети Климент Охридски”, од Скопје, која ни стави на располагање голем број исцрпени изданија чиишто корици се сега достапни во Библиотеката на Лирскиот дом на Ацо Шопов.

Благодарност упатуваме и до Министерството за Култура на Република Македонија коешто во 2016 год. го финансираше поголемиот дел од преводите на англиски и на руски јазик на овој интернетски портал.

slide
Ацо Шопов, адолесцент.
slide
Семејна фотографија: Ацо (десно) со браќата Димитар (лево) и Борис, и родителите Костадинка и Ѓорѓи Шопови.
slide
Ракопис на песната "Опроштај" напишана на српски во 1939 год.
slide
Ацо Шопов во Штип, на почетокот на четириесетте години на 20от век, пред одењето во партизани.
slide
Зима 1943-44: Партизани од Третата макеоднска ударна бригада, меѓу кои Вера Јоциќ којашто ќе загине на 23 мај 1944 год. На неа и’ е посветена песната “Очи” од Ацо Шопов (втор ред десно).
slide
Корица на "Песни" од Ацо Шопов, прва книга на македонски јазик објавена во слободна Македонија, во 1944 год.
slide
Ацо Шопов со српската поетсеа Мира Алечковиќ во Белград 1945 год. Тогаш Шопов ја пишува песната “Очи”.
slide
"Zlij se s tišino", објавена во Љубљана во 1957 год., е прва книга од македонски автор преведена на еден од јазиците на поранешна Југославија.
slide
Ацо Шопов во својата работна соба на ул. 29 ноември, во Скопје, 1957 год., во времето кога го преведува "Сирано де Бержерак".
slide
Ракопис на "Втората молитва на моето тело", 1959 год.
slide
Светлана и Ацо Шопов во Белград, наскоро по скопскиот земјотрес во 1963 год. Тогаш ја пишува песната “Август”.
slide
Славко Јаневски и Ацо Шопов на инаугуративната седница на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ), Скопје, 1967 год.
slide
Јуни 1972 год., Ацо Шопов со турската амбасадорка во Сенегал.
slide
"Песна на црната жена" е збирка инспирирана од престојот на Шопов во Сенегал (1971-1975).
slide
Дакар, 1973: Ацо Шопов со претседателите Бокаса (лево) и Сенгор.
slide
Ацо Шопов со сопругата Светлана во Дакар, 1974 год.
slide
"Клошарска песна на поетот", напишана во фебруари 1979 год., во париската болница Сал Петриер.
slide
Последната книга на Ацо Шопов, "Дрво на ридот" излегува година дена пред неговата смрт.
slide
Портерт на Ацо Шопов од Танас Луловски (детаљ).
Prev
Next
Во тишина

Vi tisina - ill

Кликнете на вињетата за да ја слушнете песната
во изведба на Зорица Георгиевска

Лирскиот дом на Ацо Шопов беше промовиран на Универзитетот Свети Кирил и Методиј во Скопје, на 8 октомври 2014 год. Повеќе информаци за промоцијата ќе најдете тука, како и во репортажата на Неда Бакевска за ТВ Телма.