Aco Šopov: Anthologie personnelle (Во личен избор), Actes Sud/Collection UNESCO d’Oeuvres représentatives, 1994.

Во моментот кога се објави оваа книга во Колекцијата Репрезентативни дека на УНЕСКО, Федерико Мајор, Генерален директор на УНЕСКО, и’ ги упати на Јасмина Шопова следниве зборови  (кликнете на оригиналното писмо за да го зголемите форматот):

27 мај 1994Lettre Mayor
Драга колешке,
Со големо задоволство ги примив и прочитав песните на Вашиот татко. Поезијата − а особено оваа поезија − нè извлекува од времето и просторот, за на мистериозен начин да нè укотви во траењето и во местата. Со сета своја јарост, не помалку интензивна од нежноста што под неа се крие, оваа поезија е збор на вистината упатен до најинтимното во нас. Колку со својот раскошен блескот, толку и во својот трепетлив ореол, таа е светлост што ни го покажува патот и ни нуди утеха во секојдневието. Ви благодарам што ја споделувате со нас.
Ве молам, драга колешке, да ги примите изразите да моите најубави чувства.
Федерико Мајор

Книгата на француски ја преведе Јасмина Шопова, а препевот му го должиме на Едуар Моник, тогашен директор на Колекцијата Репрезентативни дена на УНЕСКО.

МТВ-Скопје и’ посвети емисија на промоцијата на книгата Во личен избор од која можете да ги видите следните извадоци:  Фернандо Аинса, следен директор на Колекцијата Репрезентативни дена на УНЕСКО,  Сабин Веспистер, издавач, и Eдуар Моник, иницијатор на проектот и препејувач на книгата.