Пред крајот на животот, Ацо Шопов прави личен избор на својата поезија што ќе биде објавен во Мисла во 1981 година, со предговор на Ефтим Клетников. Во 1994 год., овој избор ќе излезе на француски во колекцијата “Во личен избор” (Anthologie personnelle) на издавачката куќа Actes Sud, а во рамките на колекцијата на Репрезентативните дела на УНЕСКО.