Златен круг на времето, избор од поезијата на Шопов објавен во 1969 год. Книгата содржи 6 нови песни: “Грозомор”, “Златен круг на времето“, “Тажачка од онаа страна на животот”, “Долго доаѓање на огнот“, “Љубовта на огнот”, “Август“. Првото издание е со предговор на Миодраг Друговац (“Ацо Шопов или уметник на песната”) а второто, објавено истата година, со преговор на Димитар Митрев (“Ацо Шопов или поезија на трајни вредности”).