This post is also available in: French Spanish German Russian English Serbian Slovenian Croatian Bosnian Albanian

Ацо Шопов: книги преведени на македонски

Ацо Шопов има преведено голем број од југословенските и светски класици на македонски јазик, меѓу кои: Јован Јовановиќ-Змај, Пјер Корнеј, Мирослав Крлежа, Едмон Ронстан, Леополд Седар Сенгор и Вилијам Шекспир (Хамлет, Ромео и Јулија и избор од 60 сонети).

На Шопов му ги доложиме и првите македонски преводи на класиците на детската литература, како што се Црвенкапа, Пепелашка, Мачор во чизми, Убавица и ѕвер, Палче и други.

Во овој отсек на Библиотеката на неговиот Лирскиот дом можете подетално да се запознаете со избор од неговите препеви на светски и југословенски класици.

Work in progress

 

  • Цицибан / Отон Жупанчич. Скопје : Кочо Рацин, 1951. 48 стр. (Повторни изданија: 1954, 1956, 1959, 1965, 1967, 1972, 1973, 1974, 1975, различни издавачи).
  • Песна за Апанаса / Едуард Баргицки. Скопје : Кочо Рацин, 1951. 58 стр. (со Славко Јаневски).
  • Басни / Иван Крилов. Скопје: Кочо Рацин, 1953. 33 стр. (Повторни изданија: 1956 и 1963).
  • Песни / Јован Јовановиќ-Змај. Скопје : Кочо Рацин, 1954 (Повторни изданија: 1959 и 1967).
  • Телеграфски басни / Густав Крклец. Скопје, 1954
  • Колекција од 12 бајки.  Издавачи: Народна Просвјета, Сараево, и Печатарски завод Огњен Прица, Загреб [1955]. Формат: минијатура. Вили, Пепелашка, Златокосата, Сината птица, Убавица во магепсана шума, Русобрадиот, Рике со перче, Палче, Црвенкапа, Мачор в чизми, Убавица и ѕвер, Магарешка кожа.
  • Сирано де Бержерак / Едмон Ростан. Скопје: Кочо Рацин, 1957. 393 стр.
  • Песни / Никола Јонков Вапцаров (со други преведувачи). Скопје: Кочо Рацин, 1958. 116 стр. (Второ издание во 1967, Македонска книга и Детска радост).
  • Сид / Пјер Корнеј. Скопје: Кочо Рацин, 1958. 131 стр. (Повторни изданија: 1969, 1970, 2001, 2016).
  • Песна на чучулигата / Григор Витез. Скопје: Култура, 1959. 51 стр.
  • Југословенска револуционерна поезија / Приредувачи Мак Диздар (за  српско-хрватската и словенечка поезија)  и Ацо Шопов (за македонската поезија), Кочо Рацин, Скопје, 1959.
  • Хамлет принцот дански / Вилијам Шекспир. Скопје: Кочо Рацин, 1960. 210 стр. (Повторни изданија : 1966, 1971, 1981, 2002 различни издавачи).
  • Избор / Мирослав Крлежа ; приредил Тоде Чолак ; [превеле Ацо Шопов (лириката) и Тодор Димитровски], Скопје : “Кочо Рацин”, 1963, 237 стр.
  • Шекспир (Ромео и Ѓулиета. Хамлет. Отело / Вилијам Шекспир). Скопје: Кочо Рацин, 1964. 130 стр. (со Блаже Конески).
  • Избор / Јован Јовановиќ-Змај. Скопје: Кочо Рацин, 1965. 122 стр.
  • Морето и боите / Григор Витез. Скопје: Кочо Рацин, 1965. 27 стр. (со Глигор Поповски и Васил Куноски).
  • Поезија / Изет Сарајлиќ. Скопје: Кочо Рацин, 1965. 56 стр.
  • Вечер над градот / Драгутин Тадијановиќ. Љубљана, Државна заложба; Скопје, Македонска книга; Белград, Просвета; Загреб, Младост, 1966. 128 стр.
  • 60 сонети / Вилијам Шекспир. Скопје: Македонска книга, 1968. 64 стр.
  • Поезија / Леополд Седар Сенгор. Скопје: Нова Македонија, 1975. 250 стр. (со Влада Урошевиќ и Георги Сталев). Ново издание. 2016, Арс Ламина, Скопје.
  • Одбрани дела, Скопје: Мисла 1976 (кн. 3, 4 и 5).
  • Шопов во светот, Шопов од светот / Избор и предговор Милош Линдро. Скопје: Македонска книга, 1993 (Избор, кн. 2)

Библиотеката на Лирскиот дом на Ацо Шопов содржи исто така голем избор од неговите

⇒ Збирки на македонски
Збирки на странски јазици
⇒ Дела за Шопов

Читалницата  нуди избор од поезијата и други написи на Шопов, како и огледи и толкувања на неговата поезија.