Aco Šopov : Sol Negro, Editorial Leviatán, Buenos Aires, 2011

2011 Sol_NegroОваа книга, плод на низа поетски средби и откритија, ја објави издавачката куќа Editorial Leviatán од Буенос Aирес, во рамките на меѓународниот омаж на Ацо Шопов по повод 30 годишнината од неговата смрт во 2012 год. Најзаслужни за нејзиното постоење се две аргентински поетеси: Луиса Футорански, препејувач, и Клаудија Шварц, издавач.

„Кога ги открив песните на Ацо Шопов на француски, имав впечаток дека слушам нов глас. До мене допираа невообичаени звуци и сензации”, пишува Клаудија Шварц, во моментот кога одлучува да го објави изборот на шпански јазик.

Преглед од промоцијата на оваа книга во Скопје е достапен тука.