Јасмина Шопова : Сенгор – Шопов: Паралели, Скопје, Сигмапрес, 2006.

livre de Jasmina Sopova: Senghor - Sopov: ParallèlesОва двојазично француско-македонско издание е објавено по повод одбележувањето на Годината Сенгор во Македонија (2006). Содржи избор од педесетина песни од сенегалскиот и македонскиот поет, кои се преплетуваат, ткаејќи меѓу себе нераскинливи нитки. Пишувани во текот на четириесетина години, во најголем дел во времето кога Сенгор и Шопов не се познавале, тие ја разоткриваат длабоката сродност помеѓу нивните автори.

Покрај воведот од Јасмина Шопова (Во потрага по светот на убавината), книгата содржи и текстови од Сенегалецот Амиду Сал (Поетски средби) и од македонскиот поет Ристо Лазаров (Епистоларни сеќавања), кои укажуваат на творечките и пријателските врески помеѓу двајцата поети. Илустрациите се од македонскиот академски сликар Христијан Санев.

Повеќе податоци за промоцијата на книгата.
Повеќе податоци за Годината Сенгор во Македонија.