This post is also available in: French Spanish German Russian English Albanian

Се наоѓате во Галеријата на Лирскиот дом на Ацо Шопов  (1923-1982).

Во неа можете да ја посетите фототеката Слики до еден живот,  во која ќе најдете избор на коментирани фотографии коишто ги илустрираат четирите децении творечки живот на Ацо Шопов, како и Видеотеката со инсерти од аудиовизуелен материјал.

Во Уметничката галерија на Лирскиот дом е изложен избор од портретите на поетот, дела на македонски сликари, скулптори и карикатуристи, како и избор од уметнички дела инспирирани од поезијата на Ацо Шопов.